Бакарна шина за поврзување на трансформаторот е украдена од трафостаница во велешка Рамина. Кражбата ја откри екипа на ЕВН Македонија при проверка, а случајот е пријавен во полицијата која изврши увид на местото на настанот. Од ЕВН Македонија информираат дека е предизвикана штета во енергетскиот објект и оштетување на апаратите кај дел од корисниците.
Ова е петти случај на кражба на енергетска опрема од трафостаници во Велес за две недели од кои три трафостаници се во сопственост на ЕВН Македонија, а две на ЈКП „Дервен“, наведуваат од ЕВН Македонија и апелираат да се пријави секаква сомнителна ситуација во близина на дистрибутивните трафостанци.
Од ЕВН сметаат дека за да се надмине ваквата појава потребно е да дејствуваат заеднички ЕВН Македонија, полицијата, локалната самоуправа и граѓаните, а компанијата веќе презема мерки за нивна заштита.