Се санира коритото на реката Брегалница во Штип

Од:

Се расчистува коритото на реката Брегалница од наносите што поплавите ги донесоа пред шест месеци.

Техничкиот директор на ЈП „Исар“-Штип Игне Иванов информира дека градежната механизација на фирмата „Коле транс“ веќе го расчисти и уреди коритото на Брегалница кај Градскиот базен, а од денеска почнуваат во штипско Ново село, односно кај топлиот извор Л‘џи и ќе продолжат до новиот ректорат на универзитетот „Гоце Делчев“-Штип.

– Во рамки на расчистувањето на коритото на реката Брегалница ќе биде опфатена и санација на каскадата кај Штипско езеро, каде се наоѓаат бунарите од кои градот добива вода за пиење. Се планира во наредниот период да се расчисти коритото на реката во должина од 10 километри, рече Иванов.
Тој појасни дека санацијата на реката Брегалница, што поминува низ Штип ќе се одвива од населбата 8 Ноември до местото познато како четврти километар.

Би можело да ве интересира

Во дел од штипските населби проблеми со снабдувањето со струјата

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Полицијата трага по 13-годишно девојче од Штип

Во Штип двајца директори на државни институции поднесоа оставки

А1он

Маж од Штип е осомничен за убиство на својата партнерка

Горан Наумовски

МВР: Маж со прострелна рана е пронајден во селото Пиперово