Швајцарска компанија најави дрон за селфи

Од:

Швајцарската компанија „Перспектив Роботикс“ со својата најава несомнено ќе израдува голем број љубители на селфи фотографиите.

Компанијата, со седиште во Цирих, планира да започне проект кој ќе изврши револуција во познатите „егопортрети“, а тоа е пластичен дрон со камера FotoKite Phi.

Главната разлика на овој производ во споредба со постоечките апарати на пазарот е во неговото користење. нема команди за далечинско, ниту навигација преку смартфон, туку дронот е поврзан со ремен на развлекување, со должина од осум метри.

FotoKite е тежок само 300 грама и лесно пренослив, а негов единствен недостаток е што има ограничена автономија од најмногу 15 минути.

Засега овој уред е се уште во фаза на проект, а дронот за селфи веќе доби дозвола за употреба на јавни места во Швајцарија и Франција, и се очекува наскоро да се користи и во САД.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска