ОН: Јемен е на работ на глад

Од:

Конфликтот во Јемен меѓу бунтовниците Хути и силите лојални на властите оваа земја ја доведе до работ на гладта, предупреди денеска извршната директорка на Светската програма за храна на Обединетите нации, Ертарин Кузин.

Таа истакна дека на пазарот во Јемен нема доволно храна за да се прехранат 24 милиони жители на земјата, од кои за 13 милиони е неопходна итна помош, пренесе британски Би-Би-Си.

-Хуманитарните организации немаат пристап до подрачјата на кои живеат најзагрозените жители на Јемен, затоа што во нив и натаму има судири, наведе Кузин.

Шефицата на програмата за храна, која во претходните три дена престојуваше во Јемен, истакна дека борбите околу големите пристаништа го попречуваат навременото доставување хуманитарна помош.

Потсекретарот на ОН за хуманитарни прашања, Стивен О’Брајан, кој, исто така, неодамна се врати од Јемен, синоќа во Советот за безбедност на ОН кажа дека во оваа земја „размерите на човековото страдање се речиси несфатливи“.

О’Брајан, исто така, остро ја критикуваше коалицијата на чело со Саудиска Арабија, која во Јемен го бомбардира пристаништето Ходеида, истакнувајќи дека станува збор за кршење на меѓународното хуманитарно право.

Ова пристаниште, што се наоѓа на западниот брег на Јемен, во вторникот беше бомбардирано од воздух во момент кога во него се наоѓаше брод на Светската програма за храна на ОН.

-Исклучително сум загрижен дека  бомбардирањето на Ходеиде може да има огромно влијание врз целата земја, а сигурно ќе ги зголеми и хуманитарните потреби, наведе О’Брајан.

Тој го стави Јемен на листата на земји со највисоко ниво на хуманитарна криза, покрај Јужен Судан, Сирија и Ирак.

Би можело да ве интересира

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен

(ВИДЕО) Израел го нападна Јемен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се огласија сирените во Израел, неколку градови цел на ракети од Јемен и Либан

Горан Наумовски

ВИДЕО: Експлозија на танкер во Црвеното море нападнат од Хутите, следи еколошка катастрофа

(ВИДЕО) Три лица загинаа, а 87 се ранети во големите израелски напади во градот Ходеида

Хутите нападнаа брод во Црвеното Море, екипажот е евакуиран, се трага по исчезнат морнар