Стратуваше Меѓународниот турнир во одбојка на песок „Сателит Скопје 2015“

Од:

На двете игралишта на градската плажа „Парк“ денеска и официјално стартуваше шестиот Меѓународен турнир во одбојка на песок и првиот европски сателит турнир „САТЕЛИТ СКОПЈЕ 2015“.

Турнирот што ќе трае до недела (23.08.2015 година) за отворен го прогласи градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

– Првпат во историјата, во Скопје се одржува САТЕЛИТ турнир во одбојка на песок кој е влезен во официјалниот календар на ЦЕВ (Европската одбојкарска конфедерација). Навистина ме радува, но уште повеќе и обврзува податокот дека нашите напори во успешната организација на турнирите во изминатите 5 години, вродија со плод, односно дека Меѓународниот турнир во Скопје веќе стекна имиџ на висококвалитетен турнир, кој излезе и надвор од балканските рамки. Потврда за ова секако е рекордниот број на натпреварувачи од следните 20 држави: Белгија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Кипар, Чешка, Данска, Англија, Германија, Грција, Унгарија, Италија, Латвија, Норвешка, Полска, Русија, Сан Марино, Србија, Швајцарија, Турција и домаќинот Македонија, истакна градоначалникот Трајановски.

На свеченото отворање на турнирот присуствуваа и генералниот секретар на Одбојкарската федерација на Македонија, Зоран Карановиќ, директорот на агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасевски, главниот ревизор на ЦЕВ, Филипе Пасквал и Претседателот на комисијата за спорт на Советот на Град Скопје, Александар Бичикиски.

На шестиот Меѓународен турнир во одбојка на песок и прв европски сателит турнир „САТЕЛИТ СКОПЈЕ 2015“ ќе настапат само натпреварувачи во машка категорија. Град Скопје финансиски го поддржува турнирот со 800.000 денари, како и со логистичка поддршка од градските јавни претпријатија.

Наградниот фонд на турнирот „САТЕЛИТ СКОПЈЕ 2015“ изнесува 8.000 евра, а истиот е во организација и реализација на Одбојкарската федерација на Македонија.

Би можело да ве интересира

Пијан скопјанец пред сопругата и децата пукал и тешко ранил познаник

Скопјанец пријавил сексуално злоставување на неговата малолетна ќерка

Скопјанец со нож и се заканувал на сопругата

Арсовска: Нашето Скопје треба да се сака со тоа што заедно ќе работиме да имаме поубав град

Скопјанка го нападнала сопругот и свекорот, па искршила дел од покуќнината

СДСМ: Скопје најзагаден град, а власта на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за загадениот воздух