Исправна водата за пиење во долниот дел на Шипковица

Од:

Водата во тетовска Шипковица, односно во големиот резервоар што го снабдува долниот дел од местото со вода, е исправна за пиење, соопшти Министерството за здравство, но остануваат препораките за задолжнително продолжување на мерките за безбедност, дезинфекција и хлорирање.

Како што соопшти Министерството за здравство, според најновите резултати од испитувањата на водата за пиење во подрачјата во тетовскиот регион кои беа зафатени со поплавите, во населеното место Шипковица, во големиот резервоар што го снабдува долниот дел од местото (кој снабдува најголем дел од населението) водата одговара на прописите за безбедност на вода, односно е исправна за пиење, со задолжително продолжување на континуираните мерки за одржување на ова ниво на безбедност и воведување континуирана дезинфекција и хлорирање.

Како што претходно информираше Министерството за здравство, во Тетово, каде што е воспоставена континуирана дезинфекција на градската водоводна мрежа, и во населените места Лешок и Непроштено, водата за пиење е исправна.

Во населените места Голема Речица и Порој водата одговара на прописите за безбедност на вода , односно е исправна за пиење, со задолжително продолжување на континуираните мерки за одржување на ова ниво на безбедност и воведување континуирана дезинфекција и хлорирање. Во останатите рурални подрачја зафатени со поплавите, водата е неисправна и забранета за пиење.

Во населените места во овој регион континуирано се дистрибуираат едукативни флаери со препораки за заштита на здравјето на населението.

Министерството потсетува дека се препорачува користење пакувана, превриена или дезинфицирана вода за пиење, за миење на забите, миење и подготовка на сирова храна, како и за миење на садовите.

– Водата се преврива така што садот со вода се става на шпорет да зоврие (10 минути), потоа се отстранува и се остава да се олади, а притоа во водата не треба да се става мраз. Се препорачува миење на рацете со сапун после чистење, пред подготовка на храната, пред јадење, после доаѓање во допир со детски измет и после одење во тоалет. Не треба да се користи храна која била во допир со вода од поплавите. Не треба да се јаде храна која била во фрижидер или замрзнувач, ако струјата е исклучена. Сварена храна и намирници кои можат да се расипат, задолжително да се чуваат во фрижидер (пожелно е да се чуваат на температури под 5 степени Целзиусови).  Секоја храна мора да биде добро термички обработена (приготвена на температура повисока од 70 степени Целзиусови).  Зготвена храна да не се остава подолго од 2 часа на собна температура, се наведува во дел од препораките.

Во случај на појава на послаби симптоми на гадење, повраќање, дијареа, односно симптоми слични на грип, висока температура, главоболки, кашлица или вртоглавица, како и при каснување од некое животно, и слично, МЗ посочува дека граѓаните треба веднаш да се обратат кај матичен лекар или во дежурна служба.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Во Шпанија се трага по 89 луѓе, ова не е конечната бројка исчезнати

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Старица преживеала три дена во поплавена куќа во Валенсија

ВИДЕО: Бесните жители на Валенсија го гаѓаа шпанскиот крал со кал

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Бројот на жртвите во Шпанија надмина 200, се стравува дека бројката може да се удвои

ВИДЕО: Во очекување на нови врнежи, Шпанија се бори со последиците од катастрофалните поплави

Катерина Ѓуровски