Вучиќ: Хрватска е суверена земја, но за кирилицата мора да разговараме

Од:

Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска изјави дека мора да се разговара за одлуката на вуковарскиот градски совет да ги отстрани кириличните натписи во овој град, реагирајќи на изјавите на официјални претставници на ЕУ дека Брисел не е надлежен за тоа.

– Кога е во прашање Србија се изјаснувале и за многу поневажни работи. За темелните вредности на ЕУ, за кои сите се залагаме – демократија, слобода, човекови и малцински права, немаат реакција на своја земја-членка, а се мешаат во нешто кое нема врска со темелните вредности и тоа во земја која се уште не е членка на Унијата, истакна Вучиќ.

Тој нагласи дека „Хрватска е суверена земја, но ова се работи за кои мора да се разговара“.

– Замислете ние да ги укиневме латиничните табли во Белград или Суботица, тоа ќе беше скандал од светски размери, објасни српскиот премиер, нагласувајќи дека ќе истрае во борбата за правата на Србите.

Би можело да ве интересира

Албанка која ги уби братот и сестрата кај Дубровник е осудена на 4 години затвор

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград