ФОТО: Слон од картон на улиците на Шпанија

Од:

Ова не е вистински слон, туку всушност скулптура од картон.

Шпански дизајнерски тим, „Studio Nituniyo“ ја дизајнираше скулптурата „Somnis de Pes“ од над 6.000 рециклирани картонски цевки за „Fallas“ фестивалот во Валенсија. Овој фестивал се одржува секоја година ширум градот, а познат е по журките, огнометот и бројните дизајнерски привремени инсталации.

Слон

Во последните денови на фестивалот, скулптурите се спојуваат како последен чин на прославата.

Тимот „Nintuniyo“ сложи илјадници рециклирани цевки според шаблон, за да добие лесно препознатлив облик на слон.

Слон

За разлика од повеќето инсталации кои се одвоени од јавноста, оваа скулптура е направена за да биде интерактивна.

Картонската уметност е опкружена со песок за да ги охрабри децата да си играат околу неа, додека минувачите можат да ги напишат своите соништа и желби на парчиња обоена хартија и да ги уфрлат во празните цевки.

Би можело да ве интересира

Мет Дејмон продаде имот во Лос Анџелес за 18 милиони долари

Ана Ололовска

Се изнајмува стан уреден во стилот на „Кери Бредшо“

Ана Ололовска

Алиша Кис го покажа својот нов луксузен дом

Ана Ололовска

Стан-гаража во Загреб го привлече вниманието на многумина

Ана Ололовска

Мерилин Менсон ја продава вилата во Лос Анџелес за 1,75 милиона долари

Ана Ололовска

Нина Добрев го покажа својот реновиран дом во САД

Ана Ололовска