Зголемен прометот во индустријата

Од:

Прометот во индустријата во јуни годинава е за 11,2 отсто поголем отколку во истиот месец од минатата година. При тоа пометот остварен на домашниот пазар бележи пораст од 9,4, а на странските пазари од 11,7 проценти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во секторот Рударство и вадење на камен се бележи пораст од 21,9, а во секторот Преработувачка индустрија од 10,8 отсто.

Пораст од 27,4 отсто има и кај групата Интермедијарни производи, освен енергија, кај Капитални производи зрастот изенсува 11,4 а кај Трајни производи за широка потрошувачка за 23,3 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија за 96 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,4 отсто.

Прометот во индустријата во јуни година, во однос на претходниот месец е зголемен за 10,1 отсто, а во првите шест месеци од годинава во однос на истиот период лани за 8,8 проценти.

Би можело да ве интересира

Цените на индустриските производи во јули непроменети на месечно ниво

Конечно се враќа довербата во бизнис заедницата, имаме стабилна Влада, вели Мицкоски

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

Намален прометот во индустријата

Зголемен бројот на работниците во индустријата