Во германскиот Бундестаг се очекува жестока расправа за новата помош за Грција

Од:

Германскиот Бундестаг денеска ќе одржи специјална седница, на која ќе одлучува за новиот пакет помош за Грција вреден 86 милијарди евра, а германските медиуми оценуваат дека се заканува сериозна кавга меѓу пратениците и се наведува дека Владата во Берлин сака Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) безусловно да учествува во овој пакет со помош.

ММФ сака за тоа да одлучи дури на есен, а многумина пратеници, затоа што стравуваат дека станува збор за „буре без дно“, сакаат денеска да гласаат со „не“, пренесуваат германските медиуми и наведуваат дека позитивната одлука во Берлин, сепак, не е доведена во прашање.

Темата за учеството на ММФ може да биде едно од најспорните прашања, наведуваат медиумите.

За канцеларот Ангела Меркел и нејзиниот министер за финансии, Волфганг Шојбле, „поконфорно“ решение е доколку ММФ строго го надгледува грчкиот буџетски дефицит и дициплина, пренесуваат медиумите, укажувајќи дека Берлин останува при своето и дека не сака отпис на долгот на презадолжената Грција.

Математичко-политичката пресметка покажува дека германските даночни обврзници, во врска со Грција, треба да стравуваат за околу 190 милијарди свои евра, пренесуваат медиумите и наведуваат дека едно од политички најинтересните прашања може да биде колку пратеници демохристијани ќе и откажат послушност на Меркел.

Пред се во редовите на демохристијаните на канцеларот Меркел, многумина пратеници скептично гледаат на овој, трет пакет со помош за Грција, така што се очекува околу шеесетина да гласаат со „не“, проценуваат медиумите.

И во редовите на социјалдемократите постојат скептични пратеници, а кога станува збор за опозицијата, пратениците на Левицата се против бидејќи велат дека „програмата предвидува најстрого штедење“, додека Зелените мислат дека, сепак, „тука има повеќе Европа, а помалку Шојбле“. Без разлика на тоа и меѓу пратениците на партијата на Зелените се очекуваат и воздржани и гласови против, пренесуваат германските медиуми.

Би можело да ве интересира

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија