Во рамките на „Охридско лето“ вечерва во „Куќата на Уранија“ ќе биде промовирана книгата „Собрани драми, книга четврта“ од македонскиот драматург и писател, Горан Стефановски.
Најновата збирка од едицијата „Темелници“, во издание на Табернакул, содржи три нови драми, „Одисеј“, „Огнени јазици“ и „Фигурае венерис хисториае“.
Книгата ќе ја промовира Катица Ќулавкова, а извадоци од сцени од драмите ќе интерпретира актерот Никола Ристановски. На промоцијата планирано е да говори и Горан Стефановски за процесот на создавање на драмите.