Сто и педесет луѓе загинале во напад на исламисти од Боко Харам во село во државата Јобе, во североисточна Нигерија, јавија денеска западни медиуми.
– Вооружени мажи го нападнаа селото во четвртокот. Загинаа околу 150 луѓе. Голем дел од нив се удавија во реката во обид да побегнат од нападите, изјави жител на селото.