Адаптивни практики за намалување на влијанието на климатските промени кај овошките

Од:

Во село Младо Нагоричане, Кумановско, УСАИД денеска ги демонстрираше резултатите од опитното поле поставено во овоштарник со круши во рамки на проектот за адаптација на земјоделството кон климатските промени .

Целта на проектот е да ја зајакне свеста на македонскиот земјоделски сектор за негативните ефекти од климатските промени.

Спроведените адаптивни практики и резултатите постигнати во овоштарникот ќе им помогнат на земјоделците и советниците на АПРЗ (Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството) да научат како да се справат со проблемите што климатските промени ги предизвикуваат кај овошните култури.

Тимот на проектот заедно со проф. д-р Марјан Кипријановски, технички експерт на проектот за овоштарство и проф. д-р Вјекослав Танасковиќ, технички експерт на проектот за конзервација на вода, се осврнаа на грижите на земјоделците и објаснија некои од стратегиите за прилагодување на земјоделското производство кон климатските промени како што се: употреба на УВ заштитни мрежи, мулчирање, затревување на насадите со покровни култури, употреба на различни препарати за заштита на овошките од сончеви изгоретини и следење на детална програма за залевање и фертиригација.

Мрежата за рурален развој на РМ започна да го спроведува проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени во април 2012. Целта на проектот е да им помогне на земјоделците да го зачуваат нивото на приход преку намалување на штетите предизвикани од промените во животната средина.

Проектните активности се фокусирани во медитеранската зона, вклучувајќи го Вардарскиот регион со делови од струмичко и гевгелиско – земјоделско богати области коишто се под најголемо влијание од климатските промени.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза