Меркел се соочува со „бунт“ на нејзините пратеници за договорот со Грција

Од:

Германскиот канцелар Ангела Меркел се соочува со проблеми и со „бунт“ на претаниците од нејзината коалиција ЦДУ-ЦСУ , во текот на утрешната дебата и гласањето во Бундестагот, за договорот со Грција, за покривање на нејзината неликвидност со 86 милијарди евра.

Дел од незадоволните пратеници изразуваат нескриено сомневање дека зад овој договор се крие и намерата да се отпише грчкиот долг, како и дека тоа може да падне на товар на даночните обврзници во ЕУ.

Бунтовниците во Долниот дом на германскиот Парламент, бараат од канцеларот Меркел, да им потврди дека Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ќе учествува заедно со Европската монетарна унија (ЕМУ) во покривањето на грчката неликвидност.

Во Берлин се претпоставува дека околу 100 пратеници од владеачката коалиција, утре ќе гласаат против владата, но на крајот се очекува, договорот да биде одобрен од Бундестагот.

Пратениците од Социјалдемократската партија и од Партијата на зелените, од порано соопштија дека ќе гласаат за договорот.

Незадоволните пратеници од ЦДУ-ЦСУ сметаат дека премногу пари и досега и беа дадени на Грција, а од таму се уште нема знаци за опоравување, ниту разбирање за мерките што ЕУ и земјите од зоната на еврото ги преземаат да се спречи колапсот.

Би можело да ве интересира

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија