Нишикори го пропушта Синсинати

Од:

Јапонецот Кеи Нишикори го откажа учеството на Мастерсот во Синсинати што почна вчера.

Нишикори на Мастерсот во Монтреал што заврши вчера беше полуфиналист, каде загуби убедливо 6:3 и 6:0 во сетови од победникот на турнирот Енди Мареј.

Јапонскиот тенисер се наоѓа на четвртото место на АТП листата и пред две недели триумфираше на турнир во Вашингтон. Тој за време на мечот со Мареј во саботата почуствувал болки во колкот и од таа причина го пропушта турнирот во Синсинати.

– Никогаш досега не сум имал повреда од ваков вид, се надевам дека брзо ќе се вратам и ќе бидам подготвен за УС Опен, изјави Нишикори.

Инаку, тој минатата година играше во финалето на УС Опен, кога загуби од Марин Чилиќ. Отвореното првенство на САД почнува на 31 август.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров