Шојгу предлага заеднички воени вежби во Србија во 2016 година

Од:

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу предлага одржување на заеднички тактички вежби на руските и српските воздушнодесантни специјални сили во 2016 година, изјави денеска заменикот на Шојгу, Анатолиј Антонов.

Шојгу заеднички воени вежби предложил за време на состанокот со српскиот министер за одбрана Братислав Гашиќ, јави ТАСС.

Шојгу и Гашиќ разговарале и за заедничките воени вежби на копнените, воздушнодесантните и силите на противвоздушната одбрана Словенско братство 2015, што ќе се одржат во септември во Русија, во кои ќе учествува и војската на Белорусија.

Претходно, руско-српски воени вежби се одржаа во 2014 година во Србија, а српската војска учествуваше и во Меѓународните воени игри 2015 во Русија.

Двајцата министри разговараа за руско-српската воена и техничка соработка, понатамошното зајакнување на воените односи, како и за прашањата за меѓународната безбедност.

Би можело да ве интересира

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски