ФОТО: Претставен најбрзиот сериски Авантадор со отворен покрив

Од:

По купе верзијата италијанскиот производител на супер брзи автомобили Ламборџини го претстави најмоќниот сериски Авантадор Роудстер.

Авантадор ЛП 750-4 СВ со отворен покрив беше премиерно претставен на манифестацијаат Пебл Биџ, што се одржува во август во Калифорнија.

Ламборџини Авантадор Роудстер 2

Роудстер верзијата, исто како и купе изведбата е придвижуван од 6.5 литарски В12 мотор со 750 коњски сили. Авантадор СВ Роудстер е тежок 1.575 килограми, што е за 50 килограми повеќе од купе изведбата.

Ламборџини Авантадор Роудстер 3

Дополнителната тежина се должи на потребата од дополнително зајакнување на конструкцијата на возилото. Роудстерот по потреба може да добие и покрив од јаглеродни влакна составен од два панели. Масата на двата елементи не надминува шест килограми, а кога не се користат може да се стават во багажниот простор.

Ламборџини Авантадор Роудстер 4

Авантадор ЛП 750-4 СВ наспроти зголемената тежина од 0 до 100 километри на час забрзува за 2,90 секунди, што е за 0,1 секунда побавно од купе верзијата, додека максималната брзина изнесува 350 километри на час.

Ламборџини Авантадор СВ Роудстер во Европа ќе се продава по почетна цена од 357.000 евра, и ќе биде произведен во само 500 примероци.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска