ФОТО: Фенг шуи – Дизајн на јавен базен

Од:

„Микои Студио“ од Париз, неодамна победи на локалниот натпревар така што изгради градски базен за „Issy Les Monulineaux“ во Франција.

Овој победнички дизајн не е обичен комплекс на јавен базен. Додека зелениот покрив и солариум се само два од мноштвото импресивни аспекти на визијата на француското студио, фактот дека е дизајниран според фенг шуи принципите е дефинитивно најфасцинантен.

Базен 1

По завршувањето, комплексот на јавниот базен од 4.000 м2 ќе биде дел од поголем проект што ќе има солариум, терени за сквош, сауна и останати погодности.

Дизајниран според Фенг шуи принципите, комплексот е наменет да го привлече локалното население не само поради пливањето, туку и релаксација и социјално здрава атмосфера.

Базен 3

Инспирирани од смирувачкото движење на водата, ходниците во комплексот се состојат од поголем број континуални рампи кои излегуваат од објектот, што обезбедува континуитет на движење без пречки, како добар проток на енергија според Фенг шуи.

Зелениот покрив како примарен елемент на комплексот, под кој се наоѓа просторен солариум, кој прави оаза за опуштање на сите кои посакуваат да уживаат во природната сончева светлина додека ги избегнуваат високите летни температури.

Би можело да ве интересира

Мет Дејмон продаде имот во Лос Анџелес за 18 милиони долари

Ана Ололовска

Се изнајмува стан уреден во стилот на „Кери Бредшо“

Ана Ололовска

Алиша Кис го покажа својот нов луксузен дом

Ана Ололовска

Стан-гаража во Загреб го привлече вниманието на многумина

Ана Ололовска

Мерилин Менсон ја продава вилата во Лос Анџелес за 1,75 милиона долари

Ана Ололовска

Нина Добрев го покажа својот реновиран дом во САД

Ана Ололовска