ЦИВИЛ – Преговори: Време на одговорност

Од:

ЦИВИЛ – Центар за слобода го поздравува продолжението на работата на работните групи на политичките партии – потписнички на Договорот за надминување на политичката криза во Република Македонија. Свесни сме за тоа дека партиите се наоѓаат пред одговорни задачи пред државата и општеството и секое одлагање или кршење на преземените обврски од Договорот може многу да ја чини иднината на земјата и на сите граѓанки и граѓани во неа.

Ја користиме оваа можност да ги потсетиме политичките партии и сите директно инволвирани во преговорите на сите наши препораки и коментари објавени од почетокот на јуни наваму. Сите тие се објавени на нашата веб страница, од кои само еден е текстот под наслов За Македонија се потребни вистински демократски реформи.

Ние, како претставници на граѓанското општество, со нашите предлози и експертизи во голем број области релевантни за политичкиот процес, можеме да дадеме драгоцен придонес и да помогнеме процесот да добие легитимитет.

Иако преговорите се одржуваат зад затворени врати, а јавноста и граѓанското општество не се директно вклучени, процесот во целина е многу комплексен и опфаќа многу повеќе засегнати страни, како што се помалите политички партии, граѓанските организации, медиумите, а над сѐ, граѓанките и граѓаните на нашата земја. Затоа, потребно е овој политички процес да биде инклузивен и транспарентен, без оглед на затвореноста на директните преговори.

ЦИВИЛ ќе биде на располагање за консултации во текот на преговорите и процесот во целина и ќе продолжи со набљудувањето на спроведувањето на Договорот, како и на сите аспекти поврзани со изборниот процес.

ЦИВИЛ веќе формира голем број набљудувачки тимови кои работат од јануари 2015 година, а паралелно со тоа, формира и експертски тим составен од претставници на ЦИВИЛ и ГОНГ (Хрватска) кои се на располагање за јавноста, политичките партии и институциите. Експертите на ГОНГ од Хрватска ќе бидат во Скопје од 28 август до 2 септември, а агендата на нашите заеднички активности во тој период дополнително ќе ја соопштиме“, се вели во соопштението на ЦИВИЛ.

Би можело да ве интересира

Креативна работилница „Обединети против насилството“

Ана Ололовска

ЦИВИЛ предлага 8 март да биде прогласен за неработен ден за сите жени во земјата

ЦИВИЛ повика на засилен мониторинг на изборниот процес

Ана Ололовска

ЦИВИЛ: Не смее да се толерира насилство врз новинарите

Наум Локоски

ЦИВИЛ го застапува правото на глас и го набљудува референдумот

Ана Ололовска

Цивил центар за слободи: Некој ги заплашува граѓаните за референдумот

Наум Локоски