Македонските тенисери со мал скок на АТП листата

Од:

Петте македонски тенисери кои имаат ранг на АТП листата на последната промена денеска имаат мал напредок во однос на претходната недела.

Најдоброрангираниот играч Томислав Јотовски има скок од 6 места и со 59 поени се наоѓа на 553 место. Димитар Грабул се наоѓа на 892 место (+2 места) со 17 поени, додека Бесир Дургути има 6 поени и е на 1.238 место (+3). Стефан Мицов има 4 поени и е рангиран на 1.383 место (+2), Шендрит Деари е на 1.487 место (+3) со 3 поени, додека Бојан Јанкуловски со 2 поена има скок од 5 места и се наоѓа на 1.548 место.

На врвот на АТП листата Новак Ѓоковиќ е прв, на втората позиција се проби Енди Мареј, додека на третата падна Рожер Федерер.

На четвртото место е Кеи Нишикори, додека петти е Стан Вавринка. Скок од едно место има и Рафаел Надал, кој сега се наоѓа на 8.место.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров