Вашингтон го предупреди Пекинг за дејствување на „прикриени агенти“ во САД

Од:

Американската администрација ја предупредила Кина за користењето на „прикриени агенти“ кои дејствуваат на тлото на САД, вршејќи притисок и заканувајќи им се на кинески иселеници и бегалци, пишува „Њујорк тајмс“ повикувајќи се на неименуван американски функционер.

Станува збор за глобална операција што ја спроведуваат кинеските власти, против Кинези кои побегнале од земјата во странство и за оваа кампања, како што тврди весникот, Пекинг користи „противправни фондови“ за нејзино финансирање.

Официјален Вашингтон, сега првпат, се одлучи да ја предупреди Кина. Предупредувањето доаѓа пред официјалната посета на кинескиот претседател Кси Џинпинг на САД, предвидена за идниот месец.

Американкиот весник открива дека целата операција, што се води под кодираното име „Лов на лисици“ е издвоена од рутинските, кинески шпионски активности против САД.

„Прикриените агенти“ на Кина, дејствуваат според упатствата и налозите од кинеското Министерство за јавна безбедност и се верува дека агентите во САД влегуваат како туристи, или со деловни визи.

Нивната главна задача им е да ги изнаоѓаат бегалците и да им се закануваат со судбината на нивните блиски и роднини, кои останале во Кина.

Проценката на весникот е дека има околу 930 бегалци кои биле осомничени од кинеските власти за корупција, или за „политички криминал“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја