„Мерцедес С класа кабрио“ светската премиера ќе ја има на претстојниот франкфуртски авто-салон, информира германскиот производител.
После лимузини, купеа и продолжени лимузини, односно суперлуксузните верзии на „Мајбах“ – „С600“ и „Пулман“, семејството од С класата на “Мерцедес“ ќе биде проширено со нов член.
Во прашање е четворосед со расклоплив платнен покрив, а „Мерцедес“ наведува дека станува збор за прв кабриолет на овој производител во највисоката класа уште од 1971 година.
Подвижниот покрив е дизајниран така да со својата форма ги поддржуава линиите на купе верзијата на „С класата“ на „Мерцедес“.
Од купето ќе бидат преземени моторите. Силата стандардно ќе се пренесува на задната осовина, а 4Матик погонот на сите четирии тркала ќе биде достапен како опција.
Малку подоцна во продажба ќе се најдат и најсилните, АМГ модели – „С63“ и „С65“.
Со оглед на фактот дека премиерата на „С класата“ на „мерцедес“ со отворен покрив е закажана за средината на септември, првите фотографии и технички детали треба да бидат објавени до крајот на август.