Бенчиќ поуспешна од Серена Вилијамс во Торонто

Од:

Младата швајцарска тенисерка Белинда Бенчиќ успеа синоќа во полуфиналето на турнирот во Торонто да ја совлада Серена Вилијамс и да се избори за финале против Симона Халеп од Романија.

Бенчиќ со 2:1 во сетови ја победи Вилијамс откако најдобрата светска тенисерка поведе со 1:0 добивајќи го првиот сет со 6:3. Во следните два Бенчиќ беше подобра со 7:5 и 6:4 во гемови.

Ова за Вилијамс е само втор пораз во 2015 година.

Во првото полуфинале Симона Халеп од Романија ја победи со 2:0 во сетови (6:4 и 6:4) Италијанката Сара Ерани и по турнирот во Индијан Велс успеа да се избори за своето прво финале.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров