Тепачка меѓу бегалците на островот Кос, на крузерот приоритет имаат Сиријците

Од:

Приближно 50 имигранти од Авганистан, Пакистан и Иран се судрија кај главната полициска станица на грчкиот остров Кос, на кој досега пристигнаа неколку илјади имигранти.

Тие ги извикувале имињата на своите земји додека фрлале камења и се тепале со тупаници, а најмалку еден маж лежел на земја додека останарите го шутирале со нозе.

Некои од насобраните се обидувале да ја смират ситуацијата, додека грчката полиција не интервенирала.

– Не интервениравме, бидејќи наш приоритет е заштита на полициската станица, рече припадник на единицата.

Подоцна групата Иранци се обиделе да го пробијат полицискиот кордон пред станицата, но полицијата со пендреди ги принудила на повлекување.

Повеќе стотици азиски имигранти се обидуваат да се регистрираат и да добијат документи за привремен престој во Грција, но и сакаат да допрат до континентална Грција од каде би стапиле на маршрута кон северна Европа, каде им се пружа поголема поддршка и можност за вработување, отколку во Грција.

Од друга страна, патничкиот брод „Елефтериос Венизелос“, кој вчера пристигна на пристаништето на Кос како регистрациски центар и времено сместување на имигранти и бегалци, и натаму е празен.

Имигрантите имаа мали шанси да се сместат, бидејќи приоритет за сместување на крузерот со капацитет од 2.500 места имаа Сиријците, кои бегаат од граѓанската војна во земјата и според меѓународното право имаат поголема заштита од економските имигранти.

Грчките власти расправаат за начинот на кој Сиријците треба да се сместат на крузерот.

Според податоците на Меѓународната организација за миграција (ИОМ), оваа година околу 250.000 имигранти го поминале Средоземното Море до Европа, од што приближно половина дошле до грчките острови.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица