Ѓоковиќ спаси две меч топки за пласман во полуфиналето во Монтреал

Од:

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ успеа да се пласира во полуфиналето на Мастерсот во Монтреал откако синоќа во четвртфиналниот меч со Ернест Гулбис постигна победа од 2:1 во сетови и притоа спаси две меч топки во вториот сет.

Ѓоковиќ мечот го доби со 5:7; 7:6 (9:7) и 6:1 по сетови.

Неговиот ривал во полуфиналето Жереми Шарди го победи Џон Изнер со 2:1 во сетови, а тој спаси седум меч топки. Но, сите три сета се играа во тај брек – 6:7 (9:11), 7:6 (15:13) и 7:6 (7:4).

Во второто полуфинале ќе играат Енди Мареј и Кеи Нишикори. Мареј го совлада ланскиот победник на турнирот Цонга со 6:4 и 6:4 во сетови, додека Нишикори беше подобар од Рафаел Надал со 6:2 и 6:4 во сетови.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров