Сообраќајот на патниот правец А2 Охрид – Кичево в понеделник од 14 до 16 часот ќе биде во прекин поради минирање кај планинскиот премин Пресека во близина на село Врбјани.
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози, а интензитетот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.