Македонскиот тенисер Томислав Јотовски не успеа да избори пласман во полуфиналето на фјучрсот во Тунис откако попладнево загуби во три сета од третиот носител Иван Неделко од Русија.
Јотовски го доби првиот сет со 6:2 во гемови, а потоа ги загуби следните два со 6:1 и 6:3 во гемови. Притоа во третиот сет нашиот тенисер имаше водство од 3:2 во сетови, но ривалот имаше серија од четири гема.
За пласманот во четвртфиналето Јотовски ќе освои нови два поена.