Вицепремиерката за евроинтеграции во српската Влада, Сузана Грубјешиќ изјави дека повторното воведување на визите за Србија за патување во земјите на ЕУ би значело одземање на тешко добиената слобода на движење, како една од најважните не само европски, туку и универзални вредности.
Владата на Србијa, вели, тоа нема да го дозволи бидејќи тоа би било погубно за европската идеја на земјата.
„Српската Влада нема да дозволи поради малкумината лажни азиланти да трпат граѓаните на Србија и ќе направиме се што е до нас заедно со европските партнери да го решиме овој проблем во најкраток можен рок“, изјави Грубјешиќ.
Српската вицепремиерка оваа недела во Букурешт разговараше со македонскиот премиер Никола Груевски во врска со визната либерализација, бидејќи и Македонија се соочува со истиот проблем,објавија српските медиуми