САД ги разгледуваат обвинувањата на Курдите дека ИД користи хемиско оружје

Од:

САД истражуваат дали милитантите на групата Исламска држава (ИД) користат хемиско оружје во нападите против курдските сили во северниот дел на Ирак.

Во последните денови курдските борци изнесоа обвинувања дека ИД веројатно во еден напад против нив употребила хемиско оружје. Слични тврдења се појавија и минатиот месец.

Алистер Наски од Националниот совет за безбедност на Белата куќа изјави дека САД овие обвинувања ги разгледува „многу сериозно“ и бараат дополнителни информации. Баски додаде дека секоја употреба на хемиско и биолошко оружје претставува кршење на меѓународните стандарди и норми.

Не е јасно каде ИД би можела да набави хемиско оружје, имајќи предвид дека по нападот во 2013 година со меѓународни дипломатски напори е договорено предавање и уништување на сириските резерви на хемиско оружје.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак