Земјотрес со интензитет од 5,2 степена беше регистриран во Чиле, но нема информации за жртви и оштетени објекти.
Според Националниот сеизмолошки центар епицентарот бил на 39 км. од градот Леби и на 655 км. од главниот град Сантјаго.
Во изминатото деноноќие во Чиле беа регистрирани девет подземни потреси, повеќето во северниот дел од државата.