Македонскиот тенисер Томислав Јотовски успеа да се пласира во четвртфиналето на фјучрсот во Тунис кој е со награден фонд од 10.000 долари, откако денеска славеше победа над Шпанецот Самуел Рибеиро Наварате со 2:0 во сетови.
Во четвртфиналето Јотовски утре ќе игра против третиот носител Иван Неделко од Русија.
Јотовски како петти носител на турнирот ја оправда фаворитската улога против Шпанецот Наварате добивајќи ги сетовите со 6:4 и 6:1 во гемови. Неговиот утрешен ривал Неделко пак го победи Французинот Александер Милер од 6:3 и 6:2 во гемови. Интересно е и тоа што двајцата тенисери денеска загубија по пет гемови.