„Макпетрол“ реагира на поднесената кривична пријава против 21 лице, меѓу кои е и првиот човек, Андреја Јосифовски, поврзани со незаконско прелевање на капитал од акционерското друштво Макпетрол во Кодоминантното друштво со акции Оилко.
Од Макпетрол соопштуваат дека се работи за чист случај во кој што не е оштетен ниту еден акционер.
„Целата постапка е извршена според законските прописи и легално и нема ниту една повреда на законот. Претпоставка е дека актуелната кривична пријава на МВР е тенденциозна и дека е поднесена заради загубен судски спор во кој се утврди незаконско оданочување на водечките луѓе од Макепетрол. Со последната судска пресуда УЈП е должна да ги врати парите за незаконскко оданочување“, соопштуваат од „Макпетрол“.