Ѓорческа четвртфиналистка на турнирот во Хехинген

Од:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа постигна голема победа на фјучрсот во Хехинген (награден фонд 25.000 долари). Таа денеска во меч од второто коло ја совлада 6.та носителка Фиона Феро од Франција со 2:0 во сетови и во четвртфиналето утре ќе игра со победничката од мечот Ромина Опранди (Швајцарија) и Ана Заја (Германија).

Првиот сет Ѓорческа го доби со 6:4 во гемови, а во вториот сет беше 7:6 во тај брекот 7:4 на поени.

Нашата тенсиерка имаше вкупно шест брејка во мечот што траеше 2 часа и 20 минути, додека ривалката направи четири. Французинката е за околу 80 места подобро рангирана од Ѓорческа.

Попладнево Ѓорческа ќе игра и меч во двојки од четвртфиналето. Таа и Диана Бузеан ќе играат против Вивен Хајсен (Германија) и Катарина Ленерт (Чешка).

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров