Промоција на македонски вина во Хаг и Варшава

Од:

Единаесет македонски винарници организирани преку Здружението „Вина од Македонија“, од денеска до 24 овој месец ќе ги промовираат своите вина во Хаг и Варшава.

Пред холандските и полските професионални познавачи на вино и големиот број увозници и дистрибутери ќе се претстават „Тиквеш“, „Стоби“, „Сковин“, „Далвина“, „Бовин“, „Попов“, „Дудин“, „Камник“, „Езимит“, „Попова Кула“ и „Филовски“. Целта е пробивање на македонското вино на пазарите во ЕУ според маркетинг стратегијата за извоз што ја изработија визбите, а беше презентирана во февруари 2012.

Согласно стратегијата, Холандија, Полска, Словенија и Швајцарија се оценети како најперспективни ЕУ пазари за македонското вино.

Промоциите се поддржани од Холандската агенција за промоција на извозот (ЦБИ). Во нивната организација се вклучени македонските амбасади од двете земји, како и Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија.

Ова е продолжување на низата промотивни настани кои Здружението „Вина од Македонија“ ги организираше годинава со поддршка на ЦБИ и УСАИД. Досега беа организирани промоции во Хелсинки, Чикаго, Вашингтон, Њујорк, Пекинг.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

На македонската вечер организирана од Владата ќе се претстават над 300 винарии и македонски специјалитети

Франција: Полицијата ги разоткри продавачите на лажни премиум вина

Благодарение на СДСМ цените на грозјето се покачуваат гарантирано за 25 отсто, велат од партијата

МЗШВ: Производната цена на килограм „смедеревка“ 18,3 денари, а на „вранецот“ 20,8

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје