Новинари од 17 европски земји ќе го следат Европското првенство во јуниорски ракомет во Македонија

Од:

Четириесет млади новинари од 17 европски земји ќе известуваат од Европското првенство во ракомет за младинки кое започнува денеска и ќе трае до 23 август.

На првенството, чиј домаќин е Македонија, ќе настапат 16 тимови, а натпреварите ќе се одржуваат во спортските сали „Јане Сандански“ и „Борис Трајковски“.

Младите новинари се дел од проектот „Ајде да играме ракомет – спортско известување и волонтерство“ организиран од Асоцијацијата за едукација Младиинфо Интернационал. Проектот опфаќа млади луѓе со различно искуство во новинарство и ракомет, кои ќе бидат во улога на новинари, фотографи и камермани, видео-уредници, уредници на веб-страницата на проектот и менаџери на социјалните мрежи, а ќе бидат координирани од двајца поискусни учесници – главни уредници.

Идејата на проектот е преку создавање различни медиумски производи од млади и наменети за млади луѓе, да се зголеми видливоста и интересот за женскиот ракомет и младинските првенства, како и да им се овозможи на младите новинари да стекнат практични знаења и искуства и да се запознаат со различни култури. Своите текстови, фотографии и видеа учесниците ќе ги објавуваат на веб-страницата на проектот http://www.letsplayhandball.eu како и на социјалните мрежи.

Пред почетокот на првенството, младите новинари учествуваа на тренинг за спортско новинарство, на кој своја сесија одржа и претставник на Европската ракометна федерација, а присуствуваа и на работилница за менаџмент на веб содржини.

Активностите од проектот кој дел од европската програма Еразмус Плус и претставува Европски волонтерски сервис од широки размери, а се одвива и во соработка со Македонската ракометна федерација, како и Европската ракометна федерација, ќе трае 40 дена.

Би можело да ве интересира

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa