Ел Нињо предизвика долготрајна суша и недостиг на ориз на Филиините

Од:

Климатскиот феномен Ел Нињо, што над седум децении предизвикува невообичаени суши или поплави во обласите околу Екваторот, годинава предизвикува голема суша во западниот дел на Тихиот Океан, која најмногу ги погоди Филипините.

На филипинскиот архипелаг дождови нема повеќе од три месеци, а тоа го загрози земјоделскот производство, особено на основната прехранбена намирница, оризот.

Филипините, кои од годинава веќе имаат 100 милиони жители, годишно трошат над 22 милиони тони ориз, а домашното произодство годинава ќе биде околу 18,9 милиони тони. Тоа се милион тони помалку од ланскиот минимален рекорд во производството во последните десет години.

Филипините се најголем увозник на ориз во светот, а вредноста на тој увоз се компензира со извоз на тропско овошје и шеќер. Меѓутоа и во тие области сушата го намали производството.

Со директен договор со владите на Тајланд и Виетнам, Филипините обезбедија увоз на 750.000 тони ориз од тие држави. На приватните компании веќе им се издадени дозволи за увоз на уште 250.000 тони од слободниот пазар, но ни овие количиества не ќе бидат доволни.

Прогнозите, иако кога Ел Нињо е во прашање тие не можат да бидат прецизни, укажуваат дека сушниот период ќе потрае. Во следните шест недели многу помалку од просечните количества ќе падне дожд во централниот и јужниот дел на филипинскиот архипелаг, инаку најзначајни земјоделски региони на Филипините.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски