Пораз на Струмица на почетокот на 43. Меѓународен ракометен турнир во Струга

Од:

Македонскиот вицешампион Струмица со минимален пораз од 19:18 (10:8) синоќа загуби од турскиот шампион Бешикташ на отворањето на 43. Меѓународен ракометен турнир Струга 2015, што до сабота ќе се одржува на ракометното игралиште „Женска плажа“.

Единствениот македонски претставник на годинашниот ракометен турнир во Струга лошо влезе во мечот и првиот погодок го постигна дури во 10. минута. Во вториот дел од мечот, во 27-та минута, Струмица прв пат го израмни резултатот на 17:17, за во следната акција македонскиот репрезентативец Немања Прибак да ги врати гостите повторно во водство.

Најефикасен во победничкиот табор и на натпреварот со седум погодоци беше Рамазан Донек, а во составот на Струмица Стефан Чизмовиќ со четири постигнати голови.

Пред официјалниот почеток на турнирот, ревијален натпревар одиграа екипата на домаќинот Струга со битолски Работник, екипи на ист ранг, во која домаќинот победи со 23 : 20.

Вториот ракометен ден ќе го отворат екипите на Струмица и романскиот Динамо Букурешт, а во вториот меч ќе настапат француски Сесон и египетскиот првак Ел Замалек, прв африкански учесник на турнирот во Струга.

Директорот на Пакомак и член на организацискиот комитет Филип Ивановски пред официјалниот почеток посочи дека публиката и годинава ќе следи уште еден успешен турнир како изминатите 42 години.

– Ова е една од ретките спортски манифестации со толкава традиција. И годинава имаме шест екипи кои ќе покажат пред стружани добар ракомет и верувам дека публиката ќе ужива. Веруваме дека турнирот ќе продолжи да ја држи традицијата и понатаму да биде успешен бидејќи спортот е една од нишките што ги спојува луѓето, ги спојува земјите, а тука имаме гости од повеќе држави и континенти, рече Ивановски.

Претседателката на организацискиот одбор на Струшкиот ракометен турнир Лилјана Затуроска очекува 43-тиот ракометен турнир да биде на многу повисоко ниво од лани со оглед на екипите учесници.

– Учесниците се задоволни од теренот и сместувањето. Се надевам дека стружани и годинава ќе гледаат добар ракомет, истакна Затуроска.

Би можело да ве интересира

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa