Горниот дом на Чешкиот парламент во обид да се справи со заканите против тероризмот и организираниот криминал одобри дополнителни овластувања за агенциите кои се занимаваат со услуги на разузнавање во земјата.
Како што јави дописникот на МИА од Прага, на барање на Службата за контраразузнавање позната како БИС, сенаторите гласаа за зголемување на овластувањата при следење на финансиските трансакции, даноците и комуникациите.