Присуството на Федерер на послаб турнир чини два милиони долари

Од:

Поранешниот руски тенисер Евгениј Кафелников откри колку чини присуството на Роже Федерер на турнир кој не му е обврска според АТП календарот.

Тој е многу возбуден што турнирот во Санкт Петерсбург се враќа во серијата 250 на АТП и рече дека учеството на Милош Раонич и Томаж Бердих е сигурно, но Федерер е под знак прашање заради високата цена.

-Со нив лесно се договорив, но кога го контактирав менаџментот на Роже ми беше речено дека неговото присуство чини околу два милиони долари, изјави русинот.

Според прописите на АТП на турнирите од сериите 250 и 500 дозволена е парична награда за тенисер само за да прифати учество, така што турнирот во Хамбург на Рафаел Надал му плати 500.000 евра за учество, минатиот месец.

Турнирот во Санкт Петерсбург на програмата е од 21. до 27. септември, во арената Сибир ќе се игра на тврда подлога.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров