АИ: Сириската армија врши воени злосторства во Источна Гута

Од:

Сириската Влада врши воени злосторства врз жителите на Источна Гута, бунтовнички регион во близина на Дамаск, каде цивилите страдаат поради интензивните бомбардирања, објави „Амнести интернешнал“ (АИ).

Околу 163.000 луѓе се под обсада, а сириските власти ја користат гладта како оружје за водење на војна, наведува организацијата за заштита на човековите права.

АИ го осудува и однесувањето на бунтовничката група Армија на исламот, која го лишува населението од храна и киднапира цивили.

Источна Гута веќе две години е под опсада на сириската армија, а хуманитарната ситуација е тешка бидејќи недостасува храна и вода, а регионот е мета и на воздушни напади.

Во првите шест месеци од годината АИ регистрирала најмалку 50 напади врз Источна Гута, при што загинале околу 500 цивили.

АИ апелира да се дозволи неограничен хуманитарен пристап во Сирија, а Меѓународниот кривичен суд да покрене истрага за случувањата во земјата.

Би можело да ве интересира

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години

Турција: Целта е да се постигне договор за поморските граници со Сирија