Турција и САД се договорија за зоната за безбедност во северна Сирија

Од:

Турција и САД се договорија за условите за создавање на таканаречена „зона за безбедност“ во северна Сирија, соопштија британските медиуми, цитирајќи го турскиот ТВ канал „Си-Ен-Ен Турк“.

Зоната ќе биде обезбедувана од борци на бунтовничката „Слободна сириска армија“ и на американските и турските сили ќе им дозволува да изведуваат напади врз џихадистите од Исламска држава или врз курдските екстремисти, доколку навлезат во зоната, за ТВ каналот изјави турскиот заменик министер за надворешни работи Феридун Синирлиоглу.

Според дипломатот, цитиран од ТАСС, вооружените сили на Турција и САД ќе ја гарантираат заштитата на зоната за безбедност.

-Имаме заедничко разбирање со САД за прашањето за создавање на зоната. …Во неа ќе се наоѓа арапско население и Туркмени ( локален турски етнос кој живее во Сирија). Сите тие ќе бидат под заштита на военовоздухопловните сили во случај на напади од ИД, од курдската Партија за демократско единство или од силите на режимот на Асад, изјавил Синирлиоглу.

Тој додал дека доколку силите на ИД или Курдите се обидат да навлезат во зоната, веднаш ќе бидат неутрализирани од вооружените сили на Турција и САД.

Дипломатот не прецизира дали во зоната на безбедност е планирано и испраќање турски копнени сили, посочи ТАСС.

Претпоставка е дека со заштитата на населението во зоната ќе се занимава сириската опозиција, забележа руската агенција.

Би можело да ве интересира

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?