(ВИДЕО) Ковачевски: Зошто молчи Груевски за насилството на неговиот пратеник?

Од:

„Јавноста вчера беше сведок на уште еден грозоморен чин. Пратеник на ВМРО-ДПМНЕ од Австралија изврши физичко насилство врз вработени во државна институција.

Поради сериозноста на телесните повреди на вработените коишто ги нападнал Наумовски пружена им е и лекарска помош“, рече на денешната прес конференција Васко Ковачевски, пратеник и претседател на ОО СДСМ Битола.

„Недозволиво е пратеник во Собранието на Република Македонија кој треба да биде заштитник на уставот, законите, државните институции и граѓаните насилно да го нарушува нивниот интегритет.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија најостро го осудува овој грозоморен чин, незамислив за еден пратеник, од морални и човечки причини. Бараме пратеникот Васко Наумовски ВЕДНАШ да го врати мандатот, односно да поднесе оставка.

Зошто ВМРО-ДПМНЕ молчи?

Зошто молчи Никола Груевски за постапките на неговите пратеници?

Значи ли тоа премолчена поддршка за пратеникот-насилник?

Ги повикуваме од ВМРО-ДПМНЕ најостро да го осудат овој насилен чин, и веднаш да се преземат соодветни чекори за санкционирање.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Васко Наумовски, досега со ниту една позитивна иницијатива или било каква активност во парламентот не придонесе за општо добро на граѓаните на Република Македонија или пак за македонските иселеници во Австралија. Но затоа на македонската јавност и стана препознатлив по закани, уцени и физичко насилие.

Според информациите, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Васко Наумовски уште од декември минатата година упатува закани и врши физичко насилство врз најблиските членови на неговото семејство како и врз останати лица.

Токму поради тоа од страна на СВР Битола на 18.01. оваа година одземено му е оружјето, заедно со муницијата, како и потврдата за негово поседување.

Но, очигледно пратеникот Наумовски не може да се воздржи од насилие, па во Центарот за социјални грижи во Битола изврши уште едно физичко насилство, напаѓајќи вработени во државна институција.

Проектот „Вистината за Македонија“ кој јавно го потврди криминалниот начин на владеење на Никола Груевски, Сашо Мијалков и неколкумина нивни соработници, сочинет од бројни малверзации, манипулации, корупција и останати криминални дејствија, за жал секојдневно се потврдува, надграден и проширен со насилство од останатите претставници на оваа партија“, изјави Васко Ковачевски, пратеник и претседател на ОО СДСМ Битола.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Сè уште нема документ за водата во Гостивар а нови градови се со отровна вода

(ВИДЕО) Штерјова: Мицкоски пак го копира Вучиќ – сè е copy-paste, само со неколку дена задоцнување

СДСМ: По сите пропусти во Гостивар, Мицкоски сега бара алиби во експертите

Горан Наумовски

СДСМ: По Гостивар, Крушево, Маврово и белата пена во Вардар, сега и Булачани – Мицкоски, Тошковски и ВМРО-ОКГ ја отруја цела Македонија

СДСМ: Кога Мицкоски ќе најави мерки за намалување на цените, веднаш следува поскапување

Младеновска: Оставка за Клековски, призна дека „црвените светла“ се запалиле предоцна во Гостивар