Јотовски се пласира во второто коло на фјучрс во Тунис

Од:

Најдобриот македонски тенисер и трета недела по ред настапува на фјучрс турнир во Тунис (награден фонд 10.000 долари). Тој денеска во меч од 1.коло го победи Данте Џенаро од Аргентина со 6:4 и 6:4 во сетови.

Притоа нашиот тенисер немаше ниту една двојна сервис грешка што во изедначен меч беше од голема важност.

Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа оваа недела има настап на фјучрс во Германија во градот Хечинген (награден фонд 25.000 долари). Таа во првото коло утре ќе игра против домашната тенисерка Катрин Верле-Шелер.

Ѓорческа во игра на двојки заедно со Диана Бузеан од Романија веќе се наоѓаат во четвртфиналето откако нивните противнички го предадоа денешениот меч.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров