САД предупредуваат на ескалација на судирите во источна Украина

Од:

САД предупредуваат дека проруските сили во источниот дел на Украина во изминатите три дена извршиле повеќе напади отколку во било кој дрѕг тридневен период уште од февруари, што може да претставува ескалирање на напорите на милитантите за дестабилизација на Владата во Киев.

Портпаролот на Стејт департментот, Џон Кирби изјави дека украинските власти од саботата пријавиле 127 одвоени напади на проруските сили, во кои загинале тројца украински војници, а 35 се повредени.

Тој истакна дека проруските сили и официјална Москва „не можат да зборуваат за мир и тогаш се борат“, повикувајќи ги двете страни да се придржуваат кон мировниот договор постигнат во февруари во Минск.

Кирби, исто така, изрази загриженост поради палењето на четирите блиндирани возила на ОБСЕ во источниот дел на земјата пред два дена.

Украинските власти ги обвинија вчера проруските сепаратисти дека кај селото Старохнативка, во близина на Мариупољ, го извршиле најжестокиот артилериски напад во последните шест месеци, и покрај постигнатото примирје.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите