Лионел Меси, еден од најпознатите амбасадори на УНИЦЕФ, повторно донираше средства во добротворни цели.
Во рамки на кампањата „Сонце за децата“ Меси донираше 4.5 милиони аргентински пезоси, односно 315.000 фунти.
Аргентинецот кој моментално се подготвува за Супер купот против Севиља со видео порака истакна дека „работата во УНИЦЕФ го исполнува и го прави среќен.“
Меси, исто така, преку својата Фејсбук страница, информираше дека неговата фондација отворила три мобилни клиники во градот Аргелија, Колумбија.