Жител на Њу Џерси денеска е уапсен под обвинение за заговор за поддршка на џихадистичката група Исламска држава.
Тој е шести човек приведен во Њујорк и во Њу Џерси од јуни под истото обвинение.
– Надер Садех (20) е поранешен жител на Редарфорд, Њу Џерси ја следел интернет пропагандата на ИД и планирал да и се приклучи на групата во странство, се наведува во соопштението на американското Министерство за правда.
Неговиот брат Алја Садех е уапсен на 29 јуни под истото обвинение.