Францускиот производител на автомобили соопшти дека на претстојниот авто-салон во Франкфурт ќе го изложи новиот концепт инспириран од популарните лесни теренски возила од шеесетите години на минатиот век.
Кон половината на јуни извршната директорка на „Цитроен“, Линда Џексон, најави дека оваа компанија ја разгледува можноста за производство на модел по урнекот на возилото „Мехари“ од шеесетите години на 20. век
Два месеца подоцна, од „Цитроен“ пристигна потврдата дека таквиот автомобил веќе е во подготовка и дека можеби ќе го видиме на патиштата и порано отколку што се очекуваше.
Во компанијата новиот концепт го опишуваат како „свеж и енергичен дериват на моделот Кактус што во себе го носи духот на Мехари“.
За сега не се познато повеќе детали за ова возило, но се очекува дека концептот ќе има демонтажен покрив од лесен материјал и дека ќе биде прилагоден за возење по различни терени и патни подлоги.