Мала група на иселеници во четвртокот, пред македонската амбасада во Вашингтон, одржале мирен протест на кој било побарано ослободување на расчинетиот владика Јован Вранишковски.
Според нив се работи за „монтиран судски прогон врз верска основа за Јован и на останатите Епископи, свештеномонаси, монахињи и верен народ, како и регистрирање на Православната Охридска Архиепископија“. Бараат итно ослободување на Вранишковски
Граѓаните, кои го одржале мирниот протест, со запалени свеќи направиле и молебен за што поскоро прекинување на „државниот прогон врз верска основа на припадниците на Православната Охридска Архиепископија“.
Поддржувачите и следбениците на Вранишковски велат дека ќе одржат мирен протест и пред Стејт Департментот.