Министерот за трговија на Индонезија Рахмат Гобел денеска соопшти дека владата ја укинала забраната за увоз на говедско месо од Австралија, воведенана почетокот на годинава. Министерот Гобел призна дека увозот на говедско од Австралија е пследица не недостиг на овој вид месо во Индонезија и зголемувањето на цените на ова месо за над 40 посто во последните 4 месеци. Тој ја отфрли можноста дека се работи за политичка одлука бидејки, како што рече, меѓу двете соседни држави за сега не постои договор за квоти и увозни количини.
Индонезија годишно увезува прехранбени и индустриски производи од Австралија во вреднст од околу милајарда долари. Иако меѓу двете држави нема формални увозно-извозни рестрикции обемот на економска размена доста зависи и од политичките релации меѓу Џакарта и Канбера.
Аналитичарите сметаат дека индонежанската забрана за увоз на месо од јужниот сосед беше реакција на австралиските официјални најави дека поради егзекуција на двајца австралијанци, нарко дилери. ќе се бојкотират индонежанските летувалишта. Одлуката да се дозволи увозот на говедско месо затоа се смета и како знак на добра воља на индонежанските власти.