Хрватска со заработка од осум милијарди евра од туризмот

Од:

Во Хрватска на Јадранското крајбрежје и во Загреб од јануари до јули оваа година престојуваа вкупно 7,6 милиони туристи, кои генерирале вкупно 40 милиони ноќевања.

Тоа е раст од девет проценти во посетите и седум проценти во ноќевањата, во спроедба со истиот период минатата година, изјави министерот за туризам, Дарко Лоренцин.

Министерот на прес-конференција во близина на Пореч изјави дека Хрватска оваа година може да очекува рекордни приходи од туризмот од приближно осум милијарди евра, по 7,4 милијарди минатата година.

Само во јули, според официјалните податоци на туристичките заедници на Јадранот и во Загреб одмарале 3,4 милиони туристи, што е 11 отсто повеќе, отколку истиот месец минатата година, со раст од девет отсто во бројот на ноќевањара, на 22,8 милиони.

Би можело да ве интересира

Најмалку две лица загина во сообраќајка во Хрватска

Сообраќајна несреќа во Хрватска, неколку лица загинаа, има и повредени

Две сестри тргнаа на свадба, починаа во сообраќајка

А1он

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Уапсен e музичарот Миле Кекин